Секој месец во Холандија се крадат илјадници електрични велосипеди

Илјадници украдени електрични велосипеди се шверцуваат секој месец од Холандија во Источна Европа, објави денеска NL Times.

„Апсолутно е јасно дека уличните банди се преориентираа од крадење обични велосипеди на електронски. Тие се поскапи, чинат меѓу 2.000 и 3.000 евра и се многу попрофитабилни“, изјави полицискиот претставник Рене Мидаг. За да не бидат фатени со украдена стока на граница, бандите често ставаат лажни налепници со броеви на рамка за велосипеди над оригиналните и фалсификуваат товарни листови, изјави Мидаг.

Тој објасни дека станува збор за добро организирани банди кои си ги средувале работите. Тие имаат „хабови“ во Холандија каде превезуваат украдена стока. А од овие магацини целиот товар се транспортира преку граница добро координирано за подоцна да се тргува.

„Бидејќи сопствениците често не го знаат нивниот сериски или бројот на рамката, не можеме секогаш да ги вратиме велосипедите што ќе ги најдеме на нивните вистински сопственици“, рече Мидаг.

Тој додаде дека тоа што секој месец се крадат илјадници велосипеди уште повеќе го отежнува враќањето на велосипедите. Тој апелираше до сопствениците на е-велосипеди да ги забележат сериските броеви на рамки и да не оставаат само заштитен синџир над нив, туку и друг со катанец.

„Тоа е детска игра за овие момци и тие можат да ја отворат со специјална опрема за неколку секунди. Не е за џабе што осигурувањето ве советува да користите дополнителна брава и да ја закачите на столб или ограда. Ако крадците го видат тоа, тие често избираат друга цел“, рече Мидаг.

Треба да знаете
Последни објави