Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи денес оствари работна средба со м-р Снежана Трајановска, новоизбраната директорка на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје.
На средбата беше потврдена долгогодишната успешна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и МАРРИ Регионалниот Центар во Скопје, а од страна на директорката Трајановска беше изразена благодарност до министерот за континуираната поддршката кон МАРРИ иницијативата и нејзината подготвеност за продолжување на соработката и во иднина.
Министерот Спасовски изрази задоволство од тоа што Република Северна Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан , со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.