Пред две години се издаваа лични документи со старото име, а сега сакаат набрзина сите да ги заменат со новото !?

Вистинска збрка настана со потрагата по термин за замена на личните документи со новото име на државата – Северна Македонија, до февруари 2024 година. Оваа обврска произлегува до Договорот кој го потпишаа Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие можат да се користат надвор од државата и се опфатени со техничкиот период наведен во Договорот за време од пет години од неговото стапување во сила. Договорот стапи во сила во февруари 2019 и рокот за замена е февруари 2024 година. Договорот беше потпишан во 2018 година.

Оваа обврска деновиве ги преграа телефнските линии во МВР за закажување на термин, но дебатата се пресели и на социјалните мрежи откако граѓаните неможат да си го остварат своето право да дојдат до потребниот документ, бидејќи постојните иако со валиден датум ќе им бидат прогласени за невалидни !? Од февруари 2024 година нема да можат да завршат никаква работа во институциите, да излезат од државата, да ги управуваат со своите автомобили, ако немаат документи со новото име.

Иронијата да биде уште поголема има граѓани кои документите ги смениле во 2021 година кога државата веќе ја имала обврската од февруари 2019 година да почне со издавање на документи со новото име. Издавани се лични докумети со стари обрасци !? Пред две години граѓаните си ги замениле документите, а сега некому му текнало по само две изминати години да им ги прогласува за невалидни, иако во тој период обврската на надлежните била да им ги замени со новото име. Покрај арчот и тоа по нов тарифник, има и возрасни луѓе во поодминати години кои во вакви метежи ниту можат да закажат, ниту сами да отидат да се „сликаат“ па уште помалку да застанат во долгите редици за да си ги подигнат документите.

Тоа што државата не го сработила навреме не значи дека треба да ги тормози граѓаните и наместо за пет години да ги принуди граѓаните во период од две-три години да ги заменат личните документи. За проблемот треба да си најде решение, како што тоа го направи со регистарските таблички. Метежите и страв кај граѓаните дека по пет-шест месеци ќе се соочат со казни ако не ги сменат личните документи треба да биде елиминирани.

Ако станува збор за казни, прва треба да се казни самата – држава, бидејќи навреме не си ја исполнила обврската да обезбеди валидни обрасци и во предвидениот рок од пет години да ги опслужи сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави