Саудиска Арабија инвестира 2,4 милијарди долари во соларна енергија

Компаниите во Саудиска Арабија објавија дека обезбедиле речиси 2,4 милијарди долари за голема соларна инвестиција во земјата.

Во овој проект учествува и саудискиот нафтен гигант Aramco, пренесува порталот oilprice.com.
Проектите Al-Shuaba PV 1 и Al-Shuaba PV 2 заедно ќе произведуваат 2,6 гигавати чиста енергија што ќе снабдува приближно 450.000 домаќинства во Саудиска Арабија.

Вкупната вредност на овие инвестиции се проценува на 2,37 милијарди долари, а споменатите соларни централи ќе започнат со работа во 2025 година.

Ријад сака да изгради 58 гигавати соларна и ветерна енергија до 2030 година, а моментално има помалку од еден гигават од овие капацитети.

Треба да знаете
Последни објави