И покрај тоа што е познат како „златното момче“ на скиентологијата веќе со десетлетија, наводно, Том Круз престанал да го посетува седиштето на британската заедница, и покрај тоа што престојува во Велика Британија околу три години додека ги снима своите најнови филмови. Тоа повторно ги поттикна гласините дека ѕвездата од „Топ ган“ и „Невозможна мисија“ веќе не е дел од скиентолошката заедница.
Ова не е првпат да се говори за „оддалечувањето“ на Круз од скиентологијата. Гласините почнаа во 2021 година, кога американските медиуми пишуваа дека Круз има „религиозна криза“, наводно обидувајќи се „да се ребрендира“ како „филмска мегаѕвезда“, наместо „г-н скиентологија“.
Круз сѐ уште не ги коментирал овие наводи.
Глумецот е поврзан со верската заедница наречена скиентологија (сајентологија) скоро 40 години, откако неговата прва сопруга Мими Роџерс го запознала со тоа учење, пишува „чит шит“ (Cheat Sheet). Се пишуваше и дека тој наводно се обидел да привлече повеќе ѕвезди од светската сцена, поради што се распаднале повеќе бракови и врски, па дури и дека наводно таа црква му наоѓала нови партнерки на Круз.