Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше успешна операција на грбот во Барселона и нема да го води клубот во следните два натпревари од Премиер лигата, објавија денеска на официјалната веб-страница европскиот и англискиот шампион.
Како што е соопштено, Гвардиола имал рутинска операција за да ги реши проблемите со болка во грбот. Манчестер Сити објави и дека Гвардиола ќе го помине периодот на рехабилитација во Барселона, како и дека ќе се врати во клубот по репрезентативната пауза.
Тоа значи дека нема да присуствува на гости кај Шефилд Јунајтед и дома против Фулам.
Во отсуство на Гвардиола, неговиот помошник Хуанма Лиљо ќе го води тимот на тие натпревари од клупата за резерви.