Револтирани граѓани и фирми се жалат дека вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаични панели, ЕВН им ја откупува по минимална цена од 0,46 денари за киловат, а во исто време киловат електрична енергија која тие ја превземаат од нивниот систем ја наплатува по 11,05 денари за киловат, плус за транспорт.
Тие појаснуваат дека се работи за диспаритет во цена каде за дури 24,5 пати е поскапа продадената струја во однос на откупената од нив.
Воедно прашуваат до надлежните зошто дозволата ЕВН да ги ограбува граѓаните и фирмите кои самите си произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија ,а за што вложиле огромни суми на средства.
Тие ваквата констатација со увид на сметките испратени до нив ја доставиле до увид и до Регулаторната комисија за енергетика, но веќе скоро еден месец немаат добиено одговор од нив.
Со прилог на сметката за потрошена и продадена електрична енергија издадена од ЕВН ,еден од револтираните граѓани , а кој со фотоволтаични панели сам си произведуваат електрична струја посочува пример дека за продаден вишок од 4300 киловати тој од ЕВН добил само 1.978 денари
Од друга страна за потрошени минимални 104 Киловати на ЕВН треба да им плати околу 2 илјади денари, колку што тој добил за произведени 4300 киловати, што според оштетениот граѓанин е вистински апсурд.