Кина е решена да ги продлабочи односите со Јужноафриканската Република (ЈАР), изјави денеска во Преторија кинескиот претседател Си Џинпинг.
Одлучноста на Кина да ги продлабочи односите на пријателство и соработка со ЈАР нема да се промени без разлика како се менува светот“, додаде Си.
Кинескиот претседател е во официјална посета на ЈАР и во исто време присуствува на состанокот на лидерите на БРИКС. Претседателот на Јужноафриканската Република Кирил Рамафоса на заедничката прес-конференција со кинескиот претседател истакна дека ЈАР и Кина имаат исти ставови за решавање на украинскиот конфликт.
„ЈАР и Кина ги изразија истите ставови за поддршка на решавањето на руско-украинскиот конфликт преку дипломатија, политички дијалог и преговори“, рече Рамафоса. Јужноафриканскиот лидер, исто така, истакна дека тој, заедно со неговиот кинески колега, очекува релевантни дискусии за вклучување на нови членки во блокот БРИКС за време на Самитот. Министерството за надворешни работи на ЈАР претходно објави дека 23 земји официјално се пријавиле за влез во БРИКС, а голем број земји пројавиле интерес на неофицијално ниво.