Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Кралство Шпанија, каде што ќе учествува на летната академија „Quo vadis Europa?“, која се одржува во Сантандер, од 21 до 25 август, а е организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Џозеп Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.
Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати на панел посветен на проширувањето и соседството, со фокус Западен Балкан и неговиот пат кон Европската Унија.
На агендата на Османи во Сантандер на маргините на летната академија се и бројни билатерални средби со колеги, меѓу кои со шефот на европската дипломатија, Борел и на Литванија, Ландсбергис, се додава во соопштението на МНР.