По еднонеделен одмор, американскиот милијардер и еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос, го напушти хрватското приморје со својата свршеница Лорен Санчез.
Екипажот на јахтата на Безос конечно се опушти откако газдата и неговите пријатели завршија со крстарење по Медитеранот.
Вработените имаа повеќечасовна весела дружба, се забавуваа и скокаа во морето. Фотографиите биле направени во близина на Хвар, поточно во заливот Вира, пренесуваат хрватски медиуми.
Вработените на јахтата не го кријат доброто расположение, па се чини дека едвај го дочекале својот одмор од работа.
Безос и неговата свршеница Лорен Санчез во понеделникот заминаа од Хрватска, 7 дена откако впловија во Јадранот. Локалните медиуми пренесуваат дека јахтата ја напуштиле со хеликоптер, по што се префрлиле во приватен авион кој ги чекал во Сплит.
„Кору“ е долга 127 метри, може да прими 18 гости и има екипаж од дури 40 луѓе. За годишно одржување и погон на овој луксузно пловило, Безос мора да издвои околу 25 милиони долари.
Јахтата за која Безос плати 500 милиони долари, има и хелиодром.