Васовски нов тренер на Вардар

Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија попладнево преку социјалните мрежи „црвено-црните“.

Покрај Васовски, во клубот како спортски директор се враќа и Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. 

– Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, стои во соопштението.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде утре против екипата на Силекс.

Треба да знаете
Последни објави