Драма во Загреб: маж се заканувал дека ќе скокне од покрив на куќа, па почнал да пука во полицијата

Вистинската драма се одвивала вчера на истокот на Загреб, каде што маж се заканил дека ќе се самоубие, а потоа пукал во полицијата.

Сè почнало нешто по 17 часот кога маж се заканувал дека ќе изврши самоубиство скокајќи од покривот на куќа на улицата Поџмиш.

По полицијата, на терен излегле и сите други надлежни служби, а известена била и Градската управа за локална самоуправа, цивилна заштита и безбедност. Набргу по пожарникарите, на местото на драмата пристигнале полициските специјалци.

Преговорите со човекот продолжиле со часови. Во еден момент дури почнал да се заканува дека ќе ја разнесе цела куќа. Малку по 21 часот на улица одекна истрел, тој пукал во полицајците.

Во следниот момент успеал да истрча кон блиската шума, а специјалците добиле наредба да го следат. Потерата на крајот била успешна – сторителот е уапсен.

Треба да знаете
Последни објави