САД ја вооружуваат Полска со 96 хеликоптери Апачи

САД одобрија договор за вооружување на Полска, што вклучува продажба на 96 воени хеликоптери Апачи.

Американскиот Стејт департмент во соопштението нагласи дека го информирал Конгресот за оваа продажба што ја побарала Варшава. Договорот е вреден 12 милијарди долари.

Полска е сојузник на Вашингтон и главен поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија.

Треба да знаете
Последни објави