Десетгодишно момче жртва на пукање во Франција

Десетгодишно момче е убиено синоќа во престрелка што се случила во опасниот кварт Писвин во градот Ним на југот на Франција, соопшти француската полиција.

Престрелката се случила синоќа околу 23.15 часот, по што била повикана полицијата.

Малку подоцна, 27-годишен маж со својот автомобил дошол ранет во болницата во Ним со двајцата братучеди, од кои помладиот, 10-годишно момче, подлегнал на раната од куршум.

Треба да знаете
Последни објави