Според српските медиуми кои пренесуваат изјава на нивниот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го ставил на „тапет“ косовскиот колега Аљбин Курти за време на собирот на лидерите од Западен Балкан во Атина, каде се присутни и челници на Европската Унија. Македонскиот премиер Ковачевски бил единстевениот кој остро го критикувал Курти поради случувањата за време на неговата неодамнешна приватна посета во Тетово и Чаир.
Вучиќ посочил дека на средбата во Атина, Ковачевски жестоко реагирал за она што Курти го направил во Тетово.
-Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина – пренел српскиот претседател Вучиќ.
За време на приватана посета на Курти беа игнорирани македонските државни симболи, а во иконографијата на собирите се појави и знаме на Голема Албанија.