Спасувачите во Пакистан ги извлекоа сите седум деца и еден маж – наставник на безбедно, откако кабел се откина на жичарница високо над оддалечен кањон, соопштија официјални лица, завршувајќи ја спасувачката операција која траеше повеќе од 15 часа.
Операција со висок ризик беше успешно завршена откако во раните утрински часови се заглавија ученици и наставник кои висеа од кабината.
„Сите деца беа успешно и безбедно спасени“, рече привремениот премиер Анваар-ул-Хак Какар во објава на платформата X, порано позната како Твитер.
„Одлична тимска работа на армијата, спасувачките служби, окружната администрација како и локалното население“, додаде тој.Спасувачката операција со хеликоптер, како што соопштија локалните медиуми повикувајќи се на извори од безбедносните сили била привремено прекината бидејќи паднала ноќта. Но подоцна биле поставени рефлектори, а спасувачката операција на копно продолжила и во текот на ноќта.