Утре започнува првото официјално издание на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола

Утрово со почеток во 09.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, беше оддржана прес конференција по повод претстојното прво  издание на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола. На конференцијата се обратија директорот на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, Лили Бошевска, уметничкиот соработник и музички продуцент Миодраг Неќак и соработникот Тодор Ивановски. На почетокот директорот Лили Бошевска, се заблагодари за поддршка на медиумите и ја презентира целосната идеја и концепција на фестивалот „Ех, таа серенада”, која значи навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на сернадата како музички жанр, како и за значењето на оваа манифестација за битолчани, за македонската музичка продукција како и за огромниот интерес од граѓаните. Миодраг Неќак, уметнички соработник и етаблиран музички продуцент и го објасни процесот на објавување на конкурс, селектирање на конечните 16 мелодии, големиот интерес од автори и изведувачи, што претставува идна основа за следното фестивалско издание како и детали за продукцијата и пост продукцијата на песните од фестивалот.

Тодор Ивановски во својство на лице одговорно за организација и туристичка промоција , ја нагласи синтезата на културата и културното наследство во кое секако припаѓа староградската песна и Офицерскиот дом како интегрален дел од туристичката промоција на Битола. 

Во рамките на пред фестивалските промотивни активности за посетителите и туристите е достапно бесплатно возење со битолскиот пајтон во комплексот на Офицерскиот дом секоја вечер од 18.30-21.30 ч. што наиде на голем интерес од граѓаните и посетителите.

За денеска се закажани тонска проба со изведувачите и техничките подготовки, а веќе за утре се финалните подготовки за  Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада”. Да напоменеме дека истиот започнува во 21.00 ч. а влезниците се бесплатни. Оние граѓани кои не набавиле влезници ќе бидат сместени во слободниот простор на платото, во рамките на просторните можности. 

Треба да знаете
Последни објави