Динамо Загреб сака да го врати Аријан Адеми на „Максимир“

Хрватскиот повеќекратен првак Динамо Загреб има план да го врати во своите редови поранешниот капитен, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Од “Максимир” Адеми замина во Пекинг Гуан со кого потпиша тригодишен договор, но новиот тренер на „модрите“ Сергеј Јаќировиќ би сакал да го има во составот.

Адеми е во преговори и со Трабзонспор, кој исто така би сакал да го има одличниот играч за врска и тоа како позајмен играч од кинескиот клуб.

“Спортске новости” истакнува дека Адеми би бил вистинско засилување за Динамо Загреб, кој оваа сезона ќе има силна конкуренција во хрватскиот фудбал да ја одбрани титулата во Хајдук Сплит и во Риека.

Треба да знаете
Последни објави