Владата на Косово на денешната седница донесе одлука да го одложи за два месеци пописот на населението, така што наместо на 1 септември, како што претходно беше одлучено, тој ќе се одржи на 1 ноември оваа година.
Премиерот Албин Курти во образложението за одлагање на пописот рече дека Агенцијата за статистики на Косово (АСК) не успеала на време да ги испланира сите детали за организирање на операцијата, за што вината ја префрли на Асоцијацијата на општини на Косово (АОК).
– Со усвојувањето на законот за попис на населението, домаќинствата и становите започнавме значаен процес на креирањето политики во одредени сегменти и полиња… Низа активности беа потребни за подготовка за датумот 1 септември, кога требаше да започне пописот, иако подготовките се извршија наспроти отпорот произведен и внатре во Централната пописна комисија од страна на АОК, процесот не можеме да го започенеме пред 1 ноември, рече Курти.
Апсолутно мнозинство во АОК имаат опозициските партии на косовските Албанци, кои на последните локални избори, во октомври 2021 година, победија во 23 општини, додека владејчкото Движење самоопределување (ЛВВ) на премиерот Курти, освои само четири. иа