Караванот „Остави трага“ во Кавадарци – Со успешни приказни заеднички да ги поттикнеме младите да бидат активни чинители во општеството

Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со петтиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Кавадарци на 23.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот „Кавадарци“, во непосредна близина на општинската зграда.

Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат:

  • Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
  • Славица Грковска, заменик претседателка на Владата
  • Н.Е. г-а Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија
  • Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци
  • Др Весна Чемерска Попова, стоматолог икосопственичка на винарница
  • Сашка Кузманова, хуманитарец и сопственичка на компанија
  • Александра Цветковска, програмска директорка, НДИ
  • Мајкл Георгиевски, ученик
  • Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје

Целта на овој настан е да се поттикнат младите на зголемено учество во македонското општество, како и нивната активацијата, како и подигање на свеста за неопходноста од еднаквост и борба со омражата. Настанот официјално ќе го отвори групата „Шербет“, ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Треба да знаете
Последни објави