Огромното мнозинство од вработените со полно работно време, односно 81 отсто од анкетираните, сакаат четиридневна работна недела, покажува најновото истражување на њујоршката финансиска компанија Банкрејт.
Според CNN, 89 отсто од вработените кои сакаат четиридневна работна недела се подготвени и да се жртвуваат за да ја постигнат оваа цел. Повеќе од половина, поточно 54 отсто од работниците се подготвени да работат повеќе часови, а 37 отсто од вработените се подготвени да го сменат своето работно место или дури и полето на работа поради пократка работна недела.
Повеќе од 27 проценти од анкетираните би работеле почесто од канцеларија за да ја остварат својата желба, а вработените се исто така подготвени да работат надвор од работното време – 23 проценти, да работат работа за која се помалку заинтересирани – 17 проценти, се откажуваат од неколкудневен одмор – 16 отсто, а 10 отсто од испитаниците би се согласиле на помала плата или назадување во кариерата.
Резултатите од јулското истражување во кое учествуваа 2.367 луѓе покажаа дека работниците не сакаат да се вратат на работниот модел пред пандемијата на корона вирусот.
„Хибридниот работен модел, кој комбинира работа на далечина со канцелариска работа, стана нов стандард“, рече главниот економист на ZipRecruiter, Џулија Полак.