Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска на прес-конференција ќе ја прогласат највело општината во Скопје и околината за 2023 година и ќе ги соопштат победничките општини во неколку категории.
Како што соопштија организаторите, во изминатиов период граѓаните имаа можност преку онлајн-гласање да се вклучат во изборот за највело општина и да дадат своја оценка.
Предвид биле земени и одговорите на самите општини од Скопскиот плански регион за инвестициите и активностите што ги презеле за подобрување на условите за велосипедистите, како и барања за информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи.
-Преку наградата за „Највело општина во Скопски плански регион“ сакаме да бидеме поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните кои го користат велосипедот како свое секојдевно превозно средство, наведуваат организаторите.