Канцеларијата на УСАИД во земјава и Здружението „Конект“ денеска ќе го промовираат Проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“.
На промоцијата ќе биде презентиран Извештајот за проценка на капацитетите за самоодржливост во избраните општини во Северна Македонија и ќе биде претставена дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“.
Официјално ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка со партнерските општини Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението „Конект“ и Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.
Проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ е имплементиран од Здружението „Конект“ во партнерство со Фондација „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН.