Светиниколските пензионери ќе ја блокираат клучката кон Куманово

Пензионерите од Свети Николе денеска од 9 до 10 часот  ќе излезат на протест, но и ќе ја блокираат клучката од излезот и влезот  на градот кон Куманово.

Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека продолжуваат со протестите се до исполнување на барањето, линеарно покачување од 3500 денари, без исклучување на поедини категории на пензии. Забележува дека финансиската состојба на пензионерите, особено на оние со минимални примања е тешка. Трудовиот инвалид Ванчо Ѓеоргиев надополнува дека со пензиите не можат да преживеат до крајот на месецот.

За денешниот протест најавено е дека пензионерите на блокадa ќе излезат и со своите трактори, имајќи во предвид дека Овче Поле е втора по големина житница во земјава и каде населението егзистира од производство на жито, детелина, лозја, бостан и градинарски производи. 

Треба да знаете
Последни објави