Повод за антизападни политички критики стана смртта на италијанскиот пејач Тото Котуњо, кој е запаметен по легендарната песна „Инсиеме“, во која пее за обединета Европа. Со добро познатата анти-НАТО и анти-ЕУ реторика, претставници на опозициската партија Левица, решија да ја искористат смртта на пејачот за да извлечат политички пораки кои одат во нивна корист. Такви ставови сподели координаторот на Левица за секторот култура, Тони Димитров на социјалните мрежи.
„Тото Котуњо, најавата (и надежта) на еуропската униа, замина. Козмосот сака нешто ни да ни каже. Ако уште не можете да прочитате што, имате повеќе (гео)политички, отколку здравствен (офталмолошки проблем)“, напиша Димитров на својот фејсбук профил.
Уште посимптоматично е што Котуњо починал во болница во Милано каде бил хоспитализиран, а неговиот менаџер за медиумите објаснил дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила во последните месеци“. Сепак, смртта и болеста со која се соочил пејачот не претставуваат никаков проблем за Левица тоа да го искористи во политичка агенда и да ги претстави како победа на антиевропејците.