Еден од фрагментите на авионот што се урна во регионот Твер, во кој леташе Евгениј Пригожин, се наоѓа на влезот во селото Куженкино, кое е на околу два километри од местото на несреќата, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости.
Полицијата го опколи местото каде што се наоѓаат остатоците, а во близина имало и неколку автомобили на тајната служба, јави синоќа дописникот на РИА Новости. Полицијата ги запира автомобилите и ги испрашува возачите.
Руското Министерство за вонредни ситуации синоќа извести за пад на приватен авион во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот. Сите загинаа.
Според списокот на патници што го објави руската Федерална агенција за воздушен транспорт, во авионот се наоѓал и шефот на Вагнер групацијата, Евгениј Пригожин. Урнатиот авион и припаѓал на компанијата МНТ-Аеро ДОО, која е специјализирана за деловен транспорт.
Портпаролот на итната служба за РИА Новости изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на осум лица.