„Кино на отворено” викендов и во Кисела Вода

Викендов, општина Кисела Вода продолжува со „Кино на отворено“ во паркот „Македонија”, веднаш до домот на култура „Билјана Беличанец”.

Во сабота и недела, 26-ти и 27-ми август, со почеток од 20:30 часот ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци”, потоа и фимот „Кајмак“ во сабота и „Ах, љубов моја“ во недела.

Програма:

Сабота 26.08.2023

20:30- 22:00 две епизоди од серијалот ,,Викенд на мртовци”

22:00- 23:30- ,,Кајмак” во режија и сценарио на Милчо Манчевски.

Недела 27.08.2023

20:30- 22:00- две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци”

22:00-23:30- ,,Ах љубов моја” во режија на Коле Ангеловски.

Треба да знаете
Последни објави