Ливерпул нема намера да го продаде Салах на Ал-Итихад

Ал-Итихад работи напорно за да го доведе Мохамед Салах од Ливерпул. Главната причина е караницата меѓу Карим Бензема и тренерот Нуно Еспирито Санто. Португалскиот стручњак не го гледа Бензема во неговите тактички замисли и никогаш не бил за негово доведување, а двајцата имале жестока караница во изминатите денови.

Тоа го принуди шампионот од Саудиска Арабија брзо да се сврти кон Мохамед Салах.

Сепак, Ливерпул останува на цврстиот став, дека Салах не е на продажба. Тие признаваат дека Ал-Итихад е заинтересиран за „фараонот“ и дека нудат навистина огромни пари.

Треба да знаете
Последни објави