Параноичниот Христијан Мицкоски сака да нè скара со целиот свет и со цела Европа. Тоа е истата реторика и истиот начин на однесување како неговиот ментор и претходник Никола Груевски. Дејствувајќи против ЕУ и против НАТО антиевропскиот политичар Мицкоски сака да ја турне земјата во неизвесност и нова изолација од 11 години, порача на денешната прес-конференција Дарко Каевски портпарол и пратеник на владеачката СДСМ и додаде:
-Прво беше лагата за „бугаризација и асимилација”, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат. Кога стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, сега, за сопствениот неуспех, на Мицкоски му се виновни Европа и светот.
Ист како Никола Груевски.
Мицкоски едноставно има капацитети да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат. Затоа параноично зборува за светски заговори.
Меѓутоа тоа укажува само на неговите лични фрустрации, на неговата лична состојба којашто е далеку од реалноста.
Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународната заедница, од Европската унија и има пријатели како што никогаш досега немала и тоа му е јасно секому освен на Мицкоски.
СДСМ ќе се спротивстави на секоја деструкција и обид да се закочи европскиот пат на земјата.