Скопјанец завшил со тешки повреди откако паднал од електричен тротинет во центарот на Скопје.
На 23.08.2023 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плоштад „Македонија“ во Скопје, А.К.(42) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал, информираа од МВР.
А.К. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.