Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа.
Медиумите имаат круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност, поради што, неопходно е на новинарите и останатите медиумски работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани. Секое попречување на извршувањето на нивните работни задачи е директно загрозување на слободата и правото на информирање.