Додека го поправал лифтот во српскиот парламент смртно настрадал работник

Работник во Собранието на Србија со инцијали Н.К. (45) загинал денеска додека извршувал работни задачи за поправка на лифт во парламентот, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, лифтот ненадејно се придвижил и смртно го повредил работникот. Вработените веднаш повикале брза помош, која можела само да ја констатира смртта. Како што објави српски Телеграф, лифтот кога се придвижил и му ја откинал главата на работникот.

Собранието на Србија се уште не излегло со официјални информации за несреќата.

„Само можеме да ви кажеме дека се откажани сите активности на претседателот на Народното собрание. Нема да има состаноци и настани кои беа предвидени за денес“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави