Во одговор на новинарско прашање, заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, истакна дека во Скопје не е дојден за да врши какво било притисок врз кој било политички субјект, туку дека на средбата со Христијан Мицкоски ќе ги повтори пораките кои и во неколку наврати претходно ги има кажано, а тоа дека државите од Западен Балкан се партнери на САД.
„Нема никого да подложуваме на тортура, САД не избира влади на земјите членки на НАТО, меѓутоа поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја пласирам во регионот, дека САД, ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција и борба против корупцијата. Сакам тоа да го кажам, но сакам и да слушнам и да имам отворена размена на гледаишта и се надевам дека повеќе имаме да кажеме по состанокот (со Мицкоски н.з.) порача Ескобар, додавајќи дека САД сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.
„Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во ЕУ, вие сте дел и член на евроатланската заедница така што сакаме да имате блиску учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи.“ заклучи Ескобар, кој од Владата заминува на средба со Мицкоски.