Денеска (25.08.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Подгорица, во Владата на Црна Гора оствари работна средба и со министерот без ресор Зоран Миљаниќ.
На средбата со министерот Миљаниќ стана збор за унапредување на успешната билатерална соработка, во насока на интензивирање на оперативната соработка во повеќе области како што се борбата со илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот и сајбер криминалот.
Двајцата министри се согласија дека регионалната соработка е круцијален фактор за успешна борба против овие појави, а кон добрите резултати придонесуваат имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во Регионалните иницијативи.
Воедно беше истакнато и сојузништвото во НАТО, што е гарант за безбедноста во регионот, но и за создавање на просперитетен регион.