Во октомври ќе се знаат новите лекови на позитивната листа

Позитивната листа на лекови ќе се ажурира двапати годишно. Во октомври и во април. Првите лекови ќе може да ги очекуваме во октомври, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, при посета на поликлиниката „Јане Сандански“, по повод почеток на примена на новините во примарната здравствена заштита.

Тој ги негира тврдењата дека нема пријави на повикот за ажурирање на позитивната листа, предлози до Комисијата за ставање лек на товар на Фондот за здравство. 

– Не е вистина. Токму спротивното. Веќе има апликации. Тие ќе се разгледаат и во октомври ќе знаете точно кои лекови ќе бидат. Ние настојуваме и ќе настојуваме да бидат први тие што се најургентни, што во најголем број се трошат и што одат во придобивка на пациентите, истакна Меџити.

По реакција на пациентка која во тек на новинарските прашања се пожали за проблемот со купување ленти за мерење шеќер, министерот нагалси дека сега има ленти и исе извини за доцнењето во изминатиот период. 

– Се извинуваме за тоа што доцнеа, јас како министер се извинувам. Но, отсега, ве уверувам дека ленти ќе има, такви проблеми ќе нема со доцнење на лекови, рече Меџити.

Треба да знаете
Последни објави