Двајца мртви, четворица уапсени – Пукање пред основно училиште во Нови Сад

Во пукањето што се случи синоќа пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во новосадската населба Футог, загинаа две млади момчиња, јавуваат српските медиуми. Како што се тврди судир на навивачки групи е причина за инцидентот.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската Итна помош, полицијата го примила првиот повик 17 минути по полноќ, пишува Телеграф.рс.

На местото на настанот е пронајден млад човек без свест и во тешка состојба е пренесен на одделението за интензивна нега. Според извори вклучени во истрагата, 20-годишен маж бил застрелан во главата. Повредите биле претешки и младиот човек починал во болница.

Следниот повик дошол во 51 минута по полноќ, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште еден млад човек во несвест. Екипите за итна помош можеа само да констатираат смрт на лице место. Имаше 19 години.

Нова.рс пишува дека полицијата синоќа спровела опсежна акција, блокиран е целиот Футог, како и сите излези од Нови Сад.

Блиц пишува дека полицијата уапсила четворица осомничени, иницијали Н.Л. (23), Д.Д. (24), О.Р. (21) и Б.Г. (26). Наводно, само еден од нив пукал во убиените млади луѓе.

Треба да знаете
Последни објави