Здружението „За тебе – Скопје“ (4U), кое се грижи за млади кои пораснале без родителска грижа, на барањето од основачот – новинарката Цеце Николова ќе добие 120 илјади денари, кои ќе одлучат за што ќе ги наменат.
Средствата се од компанијата „Mozzart“. – „Mozzart со оваа донација дава особен придонес во нашата работа! Со оглед на тоа дека 4U досега успешно одговара на потребите на младите во социјален ризик без ниту еден проект, наши главни партнери се социјално одговорните компании и индивидуалните донатори. Среќни сме што „Mozzart“ се грижат за потребите на младите кои растеле без родители. Веруваме дека ова е само почеток на долга и успешна соработка, изјави Николова.
Николова, која е дете кое израснало без родители, го основа Здружението „За тебе – Скопје“ (4U) и преку разни апели за донации и спонзорства се труди да им помогне и да им го олесни животот на овие деца откако ќе наполнат 18 години.
Од „Mozzart“ потсетуваат дека досега донирале за хумани цели, за млади таленти, за спортисти и спортски настани, за помош за лекувањa, за обнова на Дневниот центар за децата со посебни потреби во Крушево, за болниците низ целата територија на земјава, стипендиите за млади кошаркари…