Пукање имало во гаражниот дел на трговскиот центар „Ист Гејт“, дознава „Макфакс“.
Набрзо по истрелите, кои биле во близина на две возила со црна боја и затемнети стакла, дошла и полиција. Сето ова, неофицијално се случувало на ниво -1 од подземниот паркинг.
Нема информации, како но и кон кого било пукано.
„Макфакс“ побара информации од МВР, од каде велат дека на случајот се работи, како и дека нема пријава за повредено или усмртено лице