Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах се согласил да се пресели во Ал Итихад, објави „beIN Sports“. Сега саудискиот клуб треба да се договори со „Црвените“ за висината на трансферот.
Претходно беше објавено дека Ал-Итихад е подготвен да плати 90 милиони евра за Салах, што ќе биде рекорден трансфер во историјата на Саудиската лига.
Салах оваа сезона настапи на два натпревара за Ливерпул, постигна еден гол и една асистенција. Неговиот договор со клубот од „Енфилд“ истекува во летото 2025 година.
Порталот Tramsfermarkt го цени играчот на 65 милиони евра.