Средба Ковачевски – Памер: 30 години партнерски односи и богата секторска соработка меѓу Северна Македонија и Австрија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новиот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, нагласувајќи го очекувањето дека богатото дипломатско искуство на амбасадорот Памер и познавањето на регионот ќе придонесат за натамошно збогатување на одличните односи меѓу Северна Македонија и Австрија.

Заеднички е афирмирано силното и долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Посебно е нагласена успешната економска соработка, што ја докажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава.

На состанокот е разговарано за билатералните односи, но и за актуелни прашања од значење за перспективите на Република Северна Македонија и од регионален контекст.

Истакната е поддршката на Австрија за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, како пример на функционална, мултуетничка и мултирелигиска држава во Европа, којашто придонесува и за стабилноста во регионот и во Европа.

Заеднички е констатирано дека сега е моментот да се продолжи напред, бидејки македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот и европска иднина.

Треба да знаете
Последни објави