Димовски: Бојкот на машинскиот и извршен персонал во железницата, бараат исплата на вториот дел од платата за јули

Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт попладнево во 16 часот ќе стапи во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за јули, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал. 

Димовски најави дека нема да сообраќаат патничките и товарните возови. 

-Бојкотот ќе трае до исполнување на поставеното барање, изјави Димовски.

Тој соопшти дека првиот воз што нема да сообраќа поради бојкотот ќе биде на релација Скопје-Гевгелија предвиден со возниот ред за 16:55 часот. 

Треба да знаете
Последни објави