Ескобар: Не барам да се поддржи Владата, туку европскиот пат на земјата

По дводневната посета на Скопје и разговорите со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за „360 степени“, посочи дека не дошол во Скопје да му кажува на лидерот на опозицијата што да прави или да му диктира услови, но дека јасно сакал да стави до знаење дека неговата земја ги избира партнерите на Балканот според тоа кој колку се залага да го приближи регионот поблиску до ЕУ.

-Не барам од луѓето да ја поддржат Владата. Барам од луѓето и ги замолувам да работат со нас за да го продолжиме европскиот пат – посочил Ескобар.

Според американскиот дипломат не е на САД дали брзи избори се решение, туку на граѓаните, а верува дека тие ја разбираат огромната можност и перспектива која е пред нив и дека треба да ја искористат.

-Се надевам дека ќе испратат сигнал до лидерите во С. Македонија, дека го сакаат тоа брзо, дека сакаат сега – додал Ескобар.

Високиот гостин меѓу другото посочува дека верува во она што неодмана го слушнал во Дубровник од новата бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел дека нема да има нови условувања за земјата.

-Таа ме увери дека ако С. Македонија го исполни тоа што е предвидено во сегашниот догвоор нема да има нови услови – потенцира Ескобар во поширокото интервју каде се разговара главно за уставните измени и аргументите „за“ и „против“.

Треба да знаете
Последни објави