Македонецот Горјан Гого Славески, кој десетина години боксува во САД, е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ. Славески ноќеска го совлада Американецот Џејк Линдзи во спектакуларен меч во Мајами на поени. Судиите беа едногласни за победа на македонскиот борец. Двајца судии бодуваа исто со 49-46, а еден со минимален резултат 48-47.
До пред овој дуел двајцата борци немаа пораз во ова натпреварување.
За Славески ова е беше шеста победа во шестиот меч во БКФЦ серијата, а Линдзи е на скор од 4:1.