Нови провокации на Касами додека неговиот коалицискиот партнер Мицкоски молчи

Јавноста сведочи дека коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, Билал Касами продолжува со организација на настани со провокации и иконографија за поттикнување поделби меѓу граѓаните. СДСМ ги осудува овие смислени провокации кои се одлика на политичари од минатото, се вели во соопштението од владеачката СДСМ и додаваат:

-Само Мицкоски молчи за провокациите на неговиот коалициски партнер, во ДПМНЕ владее целосна штама.

Факт е дека додека БЕСА и Касами беа во коалиција со СДСМ немаше вакви работи, напротив.

Ова се случува само сега, кога се во коалиција со ДПМНЕ. Граѓаните гледаат иста излитена приказна, 30 години само национализам, како димна завеса за нечесни намери, популизам и криминал.

Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби какви што ДПМНЕ со години ги правеше и ги злоупотребуваше.

Треба да знаете
Последни објави