Пожарот се приближува кон кочанското село Врбица

Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, а утринава влезе и во Општина Пробиштип попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото. 

Посочува дека ова село и пред десеттина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и доброволци.

Во атарот на Општина Пробиштип исто така на терен се и пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип и доброволци, кои пред неколку часа со контрапожар не дозволија огнот да влезе во селото Трипатанци. 

МИА претходно информираше дека во гаснењето на овој пожар од утринава се вклучени и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два полициски хеликоптера. Станува збор за голема опожарена површина, во која горат сува трева, нискостеблести растенија, но и шума.

Треба да знаете
Последни објави