Секоја вечер во периодот од 21 до 22 часот во Кисела Вода апликацијата за мерење на амбиенталниот воздух покажува енормни загадувања ! Што се случува се прашуваат граѓаните !?
Кога воздухот е загаден во летен период што ли ќе биде кога ќе дојдат тмурните есенски и зимски денови ! Дали надлежните се во тек со ваквите алармантни бројки за штетни честички во воздухот кои катадневно ги регистрираат граѓаните кои се жалат дека во овој период има смрдеа од чад и запалени гуми.
Кој ги труе, одговор треба да им дадат надлежните. Да излезат на терен и да ги пронајдат загадувачите.