Албанец баран од Интерпол нападнал македонски полицајци додека го апселе на „Долно Блаце“

Синоќа во 20:45 часот на граничниот премин „Долно Блаце“ е уапсен Албанец баран од Интерпол. Од полициски службеници е лишен од слобода Н.Н.(45) од Р.Албанија затоа што по извршена пасошка контрола е констатирано дека истиот во службената евиденција евидира со мерка „Апси” издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол при МВР.

Исто така Н.Н. физички нападнал полициски службеници при вршењето на службените дејствија. Лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави