Македонија меѓу најбезбедните земји во светот, постојано се намалува криминалот

Република Северна Македонија е меѓу првите 40 од 163 земји на листата на Глобалниот индекс за мир 2023, што е исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023!

Според аналитичарите, ова јасно ја покажува решеноста на полицијата за сузбивање на криминалот во периодот по 2017 година, за разлика од тоа што се случуваше пред 2017 година. Се разбира, тоа влијае и на довербата на граѓаните која е зголемена повеќе од двојно, па сега анкетите покажуваат над 60 отсто доверба во полицијата.

Анкетите покажуваат и дека министерот Оливер Спасовски е министер со најголема доверба кај граѓаните. Иако во другите држави ова е реткост, во нашата држава министерот што го предводи МВР е најпопуларен министер.

Дека криминалитетот постојано се намалува, говорат и податоците кои неодамна ги соопшти министерот Оливер Спасовски дека во првото полугодие за оваа година има намалување на вкупниот криминалитет во државата за 12.9% во споредба со истиот период лани. Ова секако дополнително влијае на зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.

Треба да знаете
Последни објави