Маричиќ: Заблудите на ДПМНЕ скапо ќе ја чинат државата, чекањето ќе ги исели младите во Европа

Ние сме во ова ситуација затоа што ДПМНЕ одлучи да ја блокира европската иднина на државата, заблудите на ДПМНЕ, скапо ќе ја чинат државата, истакна секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на телевизија Сител.

Маричиќ нагласи дека проади заблудите дека може да преговараме подобар договор, или пак дека има бескрајно време да чекаме, ќе направат сите други држави, дури и Украина и Молдова, кои се во сериозни безбедносни ризици да одат пред нас, а ние ќе чекаме подобри времиња за да изпреговараме и да ја натераме Бугарија во нешто што нема потреба да ја убедуваме.

Нас не треба да не интересира Бугарија, нас не интересираат нашите граѓаните, како ниту еден граѓанин да не извади веќе туѓ пасош на туѓа држава па и бугарски доколку не мисли дека треба и доколку не се чувствува како Бугарин, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека стратегиите на ДПМНЕ ќе ја однесат државата таму каде што не сакаме.

Тоа е стратегија која би ја испразнила државата од млади луѓе, би ја убила надежта за европска иднина и би ја ставила во категорија со Косово и Босна и Херцеговина, кои се држави со системски проблеми и нерешени прашања, порача секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на телевизија Сител.

Треба да знаете
Последни објави