Шерика Џексон: Се приближувам до светскиот рекорд на 200 метри

Јамајканската тркачка Шерика Џексон се надева дека ќе го собори светскиот рекорд на 200 метри.

– Се чувствувам како жив доказ дека можете да постигнете нешто ако навистина го сакате и никогаш не се откажувате. Полуфиналето го истрчав малку конзервативно. Мислам дека денеска се претставив добро, 21.41 – време за кое не можам да се пожалам. Дури и да бев многу блиску до светскиот рекорд, навистина не размислував за тоа за време на трката. Ќе продолжам да работам и ќе видиме дали има светски рекорд. Што се однесува до светскиот рекорд, блиску сум, му се приближувам, изјави Џексон.

Ден претходно во финалето на 200 метри на СП 2023 Џексон го забележа вториот резултат во историјата (21,41 секунди). Ова е рекорд на светските првенства и најдобро време на 200 метри во последните 35 години. Светскиот рекорд (21,34) од 1988 година и припаѓа на Американката Флоренс Грифит-Џојнер. 

Треба да знаете
Последни објави